Државен натпревар по природни науки
Оваа учебна година, меѓу учесниците кои го претставуваа нашето училиште на Државниот натпревар по природни науки, најмлади натпреварувачи беа Давид Муртовски и Марко Матевски од IV-В одделение, под менторство на наставничката Анета Ристовска.
Нивниот натпреварувачки пат започна со одлични резултати на општинскиот и регионалниот натпревар, а беше заокружен со извонреден успех на државниот натпревар!
Им честитаме за постигнатиот успех и им посакуваме и понатаму да останат љубопитни, храбри и истрајни, да продолжат да истражуваат, да поставуваат прашања и да откриваат нови предизвици во светот на науката.
✨ Честитки за нашите најмали учесници! ✨ Види помалку





Поврзани содржини